Белградскиот рок бенд S.A.R.S во сабота ќе одржи концерт во Куманово, во клубот Лолипоп. Популарниот бенд пред македонската публика ќе го промовира новиот албум „Иконе поп културе“, кој е нивниот четврти по ред. Материјалот излезе пред еден месец и за три дена по бесплатната објава на интернет е спуштен 20.000 пати. На концертот ќе се пеат омилените хитови на S.A.R.S како Перспектива, Буџав лебац, То раде и други.
Влезниците во претпродажба чинат 200 денари, а на денот на настапот 250 денари. Во петок, Лолипоп најавува богата хип-хоп забава со диџеј Гоце Саф.
| ТВ Пакет