Мексиканката Талија како да не знае да старее, во секој нов спот таа изгледа се помладо, а нејзините дваесетгодишни колешки со кои таа соработува можат само да и позавидат на витата става. Кралицата на латино поп музиката во последните години преферира да работи со своите многу помлади колеги кои штотуку започнаа да уживаат во својата слава. Започна со дует со Беки Џи, па следуваше Малума, Нати Наташа, веќе докажаните Хенте де зона, Лали и сега популарното аргентинско дуо, односно браќата близнаци – Мау и Рики.
Песната и видео записот беа промовирани пред само неколку часа и веќе ги разбудија критичарите кои засега се пријатно изненадени. Но некогашната ѕвезда од шпанските серии не запира тука, за неколку недели е најавена промоцијата на новиот сингл во дует со Фарина. Инаку, Талија има 48 години, а изгледа вака: