Плажа, сонце и вода, идеална енергија за да се роди љубов помеѓу двајца млади. Таа згодна како сирена, тој со мелодија која освојува. Марјана Станојковска и Тајзи се во љубов во новиот спот на Тајзи за песната „Регетон“.
Откако го најави својот прв, соло албум, Тајзи работеше на првиот сингл за кој деновиве се сними и видео запис во Струга. Режисер на спотот е Даниел Јовески, а главни улоги во истиот се Тајзи и Марјана.
Иако пред недела дена тој остана без „Љубов“ на Јутјуб каналот, а песната имаше преку 500.000 прегледи за 3 месеци, од неговата нова „Регетон“ очекуваме уште поголем број конзументи на овој летен хит кој го најавува Тајзи. Додека го чекаме новиот видео запис, Тајзи Ви дарува „Љубов“.
| ТВ Пакет