Алфа телевизија со особено богата телевизиска програма од следната недела, но за жал напорот којшто се вложува во најава и промоција на истата е премногу мал или воопшто не постои, односно речиси никој не знае за новите програмски содржини што на овој канал ќе стартуваат веќе од утре. А, што е најстрашно, ние како единствен телевизиски портал што се занимава со телевизиската индустрија во Македонија не добиваме никакви ПР текстови во врска со нивните новости, па копаме информации од каде знаеме и умееме.
Алфа телевизија со особено богата телевизиска програма од следната недела, но за жал напорот којшто се вложува во најава и промоција на истата е премногу мал или воопшто не постои, односно речиси никој не знае за новите програмски содржини што на овој канал ќе стартуваат веќе од утре.
А, што е најстрашно, ние како единствен телевизиски портал што се занимава со телевизиската индустрија во Македонија, не добиваме никакви ПР текстови во врска со нивните новости, па „копаме“ информации од каде знаеме и умееме.
Се работи за нов концепт на утринската програма „Почнува ден“, нова забавна емисија „Таблоид“, кулинарско шоу „Титова кујна“ кое ќе ве запознава со рецептите од репертоарот на кујната на Тито, нови филмски наслови во „Алфа кино“, популарната тинејџерска серија „Интернат“ и американските серии „Gilmore Girls“ и „Smallville“, латино-американската серија „Првата дама“ и спортската програма „Ролан Гарос“. Зар ви се потребни повеќе причини за да го гледате каналот на Алфа телевизија?
Ужасно и несоодветно промо за „Интернат“
Промо за спортската програма „Ролан Гарос“
Промо за кулинарското шоу „Титовата кујна“
Промо за нови филмски наслови „Алфа кино“
Промо за серијата „Првата дама“
Крис Манев | ТВ Пакет