Почетна / Телевизија / ТВ Пинк е продадена на кабловски оператор!

ТВ Пинк е продадена на кабловски оператор!

Телевизија Пинк и ТВ Авала, по повеќемесечна потрага по стратешки партнери, наводно, нашле решение за своите финансиски проблеми. Договорот за продажбата на ТВ Авала е веќе постигнат, додека продажбата на Пинк е во завршна фаза, пренесува TeVe.

Добро упатените извори наведуваат дека телевизиското царство на Жељко Митровиќ преминува во рацете на најголемиот кабловски оператор во Србија, компанијата Serbia Broadband – SBB. ТВ Авала ќе стане сопственост на засега две непознати странски фирми.

Митровиќ во вторникот постигнал договор со Драган Шолак од SBB. Главен сопственик на Пинк телевизија наскоро ќе биде најголемиот кабловски оператор во Србија, каде Митровиќ ќе поседува помал дел од сопствеништвото. Преговорите околу продажбата на ТВ Авала минале малку потешко, бидејќи оваа телевизиска куќа е оптеретена со финансиски проблеми. Вработените на оваа телевизија се на годишен одмор до 1-ви септември чекајќи ја новата програмска шема и новиот сопственик.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!