Сексипилната актерка повторно ќе мине низ истиот тежок период кој веќе го имаше искусено. Луисана Лопипато ќе престане да глуми во серијата “Lobo” затоа што истата ќе биде укината кон крајот на јуни.
Приказната чии протагонисти се Гонсало Хередиа, Ванеса Гонзалез, Освалдо Лапорт и Луисана Лопилато не ги оствари очекуваните рејтинзи кои му беа потребни на каналот што ја емитуваше, па затоа се донесе одлука 15-ти мај да биде последниот ден од снимањето на оваа неуспешна серија.
Кариерата на поранешната “млада бунтовничка” никако да тргне кон нагорна линија откако таа во исто време заврши со снимањето на двата успешни проекти “Alma Pirata” и “Casados Con Hijos 2”. Во низата од неуспешни проекти каде таа се појавила се вбројуваат “El Capo”, проект кој издржа само два месеца на Telefe, како и “Atracciоn Por 4” и “Alguien Que Me Quiera” кои исто така остварија ужасни рејтинзи на каналот 13. За најуспешна улога во нејзината богата телевизиска кариера се смета ликот на Миа Колучи.
Повеќе од јасно е дека нејзиниот неспорен талент нема никаква врска со неуспехот на овие телевизиски проекти, меѓутоа таа во последно време прави навистина лош избор кога се работи за улогите што ги прифаќа. Аргентина веќе со години не памети успешна серија која било како е поврзана со Лопилато.
Chris | ТВ Пакет