Почетна / Телевизија / Телевизија БОМ сепак може да емитува програма

Телевизија БОМ сепак може да емитува програма

Телевизија БОМ сепак може да емитува програма

Сопственикот на телевизија БОМ, Satellite Community television Inc од Австралија, во пресрет на седницата на Советот за радиодифузија, до оваа институција упати известување со кое ја докажува легалноста и легитимноста на своето постоење, како и неспорниот статус на телевизиските канали што се емитуваат во земјава, јавува Либертас.

Известувањето на оваа австралиска фирма до Советот, дојде откако осамна информацијата дека врз основа на претставка од граѓанин, Советот за радиодифузија ќе расправа за евентуална забрана за телевизиите сопственост на австралиската компанија, БОМ и К15 мјузик. Инаку Satellite Community television Inc, бара од Советот и повеќе информации за поднесувачот на претставката, со цел покренување на сите правнопропишани средства заради нанесување штета врз угледот на компанијата. Лицето, П. Николов во претставката до СРД навел дека дозволата на БОМ треба да биде одземена бидејќи телевизијата работи без регистрација, а фирмата сопственик била банкротирана, што е апсолутно неточно се вели во соопштението на Satellite Community television Inc. Инаку, претходно за оваа телевизија во јавноста излегоа информации дека е во преговори со повеќе продукциски куќи и медиумски работници за збогатување на својата програма, со акцент на информативна, филмска и документарна програма која ќе има за цел да ги информира Македонците во дијаспората за случувањата во Македонија и обратно.

 

 

Еве што напипишаа Австралијанците до Советот во писмото испратено вчера (среда).

„Почитувани,

Врз основа на сознанијата стекнати од нашите бизнис партнери во Македонија кои сеоднесуваат на потребата од истражување на легалноста на нашите телевизиски канали би сакаледа Ве информираме дека Satellite Community television Inc е регистрирана во 2005 година во согласност со позитивните правни норми на Австралија. Како потврда за легалноста и легитимноста на нашата компанија Ве информираме дека ги поседуваме сите дозволи за broadcasting издадени од Australian Communications and Media Authority. Истите се само потврда на она што претставува наша примарна цел да создадеме телевизиски провајдер кој ќе ги применува сите светски технолошки достигнувања за да понуди квалитет на нашите гледачи.

Дополнителна сатисфакција ни претставува и фактот што повеке од стотина кабловски,сателитски и ип провајдери ширум светот ги емитуваат нашите телевизиски канали, а со тоа укажуваат на довербата која ја имаат во нас и нашиот квалитет. Преку емитување на телевизиските канали мис тв, бом тв и к15 тв обезбедуваме програма која е атрактивна за различни генерации што ни е дополнителен мотив да вложуваме во нејзиниот перманентен развој. Сите информации поврзани со издадените дозволи на име на нашата компанија можете да ги проследите на линкот на Australian Communications and Media Authority (www.acma.gov.au)

Искрено се надеваме дека ова известување ќе Ви биде од корист при Вашето разгледување на правната основа за постоењето на нашата компанија. Доколку сепак Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не, а ние Ви стоиме на располагање за доставување на сите податоци кои ќе ни бидат побарани.

 

Со почит, Satellite Community television

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!