На местото на американската хит серија Херои, Телма телевизија од овој викенд ќе ја емитува босанската серија „Сарајевске приче“ од 1991. година која е преведена како Службена верзија. Серијата ќе се емитува во сабота и недела од 20 часот.
Сараево, 1990-тата. Лична драма на едно семејство откако таткото, полициски инспектор, ќе биде убиен под сомнителни околности. Сценариото и режијата на оваа мини серија од 8 епизоди се на Фарук Соколовиќ, а во главните улоги настапуваат Бора Тодоровиќ, Мира Фурлан, Миодраг Кривокапиќ и Љуба Тадиќ.
Дани Петковска | ТВ Пакет