Почетна / Забава / Тери Френсис и Нејтан Колс, оваа сабота во Експо Центар

Тери Френсис и Нејтан Колс, оваа сабота во Експо Центар

 

Експо Центар Ви ги најавува, едни од најпосакуваните ДЈи на Лондонската сцена, луѓето кои својот хаус звук заедно со нивниот специфичен концепт на забави донесоа многу новини на светската андерграунд сцена, Нејтан Колс и Тери Френсис, оваа Сабота (23.02.2014) во Експо Центар.

 

 

Како дел од прославата на нивниот 20-ти роденден, Вигл забавите доаѓаат и во Скопје на Вашиот омилен подиум. Нејтан Колс и Тери Френсис, како основачи на Вигл ќе Ви понудат неповторлива хаус забава за која во светските клубови се бара карта повеќе. Една недела пред нивната главна прослава која ќе се одржи на непозната локација во центарот на Лондон, основачите на Вигл забавите доаѓаат во Скопје со цел да го презентираат својот уникатен андерграунд хаус звук и да направат журка што долго ќе се памети.

Организаторот најавува еуфорична забава, која како домашна поддршка ги вклучува ДЈите на Антенна 5 радио, Никифор и Ицко. Картите се продаваат на билетарата на Експо центар по цена од 200 денари.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради трагедијата, одложени трите концерти на Здравко Чолиќ

Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!