Месец септември значи хаос за телевизиските програми. Се воведуваат нови програмски содржини без претходно да се одреди судбината на оние што моментално се емитуваат.
Повеќе гледачи се обратија до ТВ Пакет кога Алфа телевизија почна да си игра со терминот на трилер серијата „Интернат“. Имено, со почетокот на реалното шоу „Фарма“, шпанската серија добила рандом термин, односно се емитувала и сеуште се емитува во зависност од тоа кога ќе заврши реалното шоу, велат незадоволните гледачи.
Се надеваме дека оваа забелешка ќе стигне од одговорните лица во ТВ Алфа, бидејќи „Интернат“ е една од малкуте програмски содржини за млади во Македонија, ако не и единствена.
| ТВ Пакет