Виктор Апостоловски, младиот македонски пејач кој стана познат преку шоуто „Идол“, тврди дека светската музичка ѕвезда Џастин Тимберлејк направил песна која е копирана од негова песна.
„Ај ве молам споредете ги почетоците на песните, почетоците на двете песни хармонски се идентични, но за разлика од сите други случаи до сега, песната на Виктор е стара веќе една година, а песната на Џастин само еден ден. Дали е ова случајност, истомисленост, позајмување или едноставно користење на идеја, едно е сигурно, ова е доказ дека не сите млади и нови автори се плагијатори и дека Македонија сепак има квалитет кој допрва ќе ја краси нејзината музичка сцена”, вели Виктор за РадиоМК.
Слушнете ги песните на видеата подолу, па проценете сами, дали Џастин е плагијатор или не.
| ТВ Пакет