Нашиот Даниел со нов интересен настап во ТЛЗП
Во седмата епизода од третата сезона на “Твоето лице звучи познато”, македонскиот учесник Даниел Кајмакоски доби задача да го имитира миленикот на тинејџерките, Џастин Бибер. Како што и самиот призна, малку му било потешко да ја преслика истата боја на Бибер во неговиот настап и сето тоа да изгледа тинејџерски, но сепак на крајот излезе одлично. И публиката во салата, и жирито задоволни од Кајмакоски.
Даниел “растури” со минатонеделниот настап со “Бензин”, но и во оваа поинаква задача, успеа да ги разигра тинејџерките во салата и да ги освои коментарите на жирито. Како изгледаше Даниел на сцената на ТЛЗП, погледнете од следново видео :
Дани | ТВ Пакет