Деновиве сите „уживаме“ во хитот на Рубин Благадуша, песната Верував во твоите очи чија музика е украдена од турската серија „Езел“. Но претходно, тој во своето родно место палеше и жареше со уште едно украдено дело, и тоа, замислете, повторно од турска серија! Имено, Благадуша ја има украдено и музиката од серијата „Под сенката на врбите“, ја испеал, па дури снимил и спот за неа.
Манијата околу турските серии е се поголема, а мозочниот капацитет на македонскиот народ да се бори против сиот шунд, очигледно, се помал. Во продолжение го слушаме Благадуша со песната Принцеза, а потоа веднаш ја споредуваме со насловната нумера од „Под сенката на врбите“.
За оние што пропуштија еве го линкот што води до неговата украдена музика од „Езел“.
Крис Манев | ТВ Пакет