Во последните неколку месеци, значително се зголеми бројот на домашни и странски туристи што го посетуваат главниот град на Македонија, Скопје. Туристите често се интересираат за културно-историските споменици во центарот на градот, токму поради тоа осум млади лица се ангажирани во проектот на Град Скопје „Туристичка стража“ за презентација на истите споменици, јавува „Курир“.
Туристичките стражари, облечени во македонска национална облека, карактеристична за одредени временски периоди (македонска античка, македонска средновековна комитска и облека од учесниците во НОБ- партизанска), заинтересираните туристи ќе ги упатуваат на сите знаменитости, споменици и места кои би можеле да ги посетат. Шетајќи низ плоштадот во Скопје станаа вистинска атракција за туристите. Со апаратите во рака, туристите се фотографираат со туристичката стража која ги „чува“ културно-историските споменици на градскиот плоштад. Стражарите ќе бидат на плоштадот секој ден од 18 до 21 часот до 13-ти ноември.
Chris | ТВ Пакет