Колку и да не е добро тоа што одредени медиуми буквално присилуваат да се гледаат турските серии како што порано тоа го правеа со шпанските, сакале или не, на тој начин сме се поблизу до прифаќањето на нивните култури. Од шпанските серии го научивме јазикот, бразилската хит серија ги доведе ориенталните танци, индиските не дојдоа без своето шаренило, а имиџот на Турците се пренесе и во Македонија – сега сите момци се забрадени! Нивното влијание е силно, се конзумираат секојдневно и незабележливо им се дозволува да влијаат на стилот на живеење.
Последно нешто што уловивме на социјалните мрежи е споделувањето на турската музика. Музиката има голем удел во промоцијата на една серија, особено турската која е толку моќна што може да те измами да се навлечеш на приказна која можеби е смешна за тебе. Велат дека турската музика може да го разнежни и оној кој најтешко им се предава на емоциите. Во продолжение ги споделуваме двете моментално најпопуларни турски музички нумери што ги сретнавме по ѕидовите на нашите Фејсбук пријатели, едната е од промоцијата на серијата “Под сенката на врбите”, а другата од “Јунска ноќ”.
Chris | ТВ Пакет