Турската хит серија „Сила“, за која пишувавме пред неколку месеци поради тоа што ги собори сите рекорди на гледаност во Хрватска, наскоро ќе започне да се емитува и во Србија и Босна и Херцеговина на каналот Пинк, а на балканските форуми пишуваат дека се откупени правата за емитување и на територијата на Македонија.
Главната женска улога ја одигра Џансу Дере, позната по своите улоги во „Езел“ и „Величествениот“, додека главната машка улога му припадна на Мехмет Акиф Алакурт, актер кој важи за еден од најубавите мажи во Турција и за чија популарност веќе пишувавме.
Приказната за љубовта заробена во оковот на застарените обичаи, во соседните земји ќе почне да се емитува во текот на летото, а има вкупно 79 епизоди. Официјална информација од македонските телевизии во врска со правата за емитување на оваа серија досега не сме добиле.
| ТВ Пакет