Турската серија „Величествениот“ успеа да ја освои секоја земја каде што почна со емитување. Сагата за робинката која станала кралица и владетелка на светот успеа пред малите екрани да задржи милионски аудиториум на овие простори, а слична е ситуацијата и во Турција кога гледаноста е во прашање.
Меѓутоа, нејзиното снимање таму предизвикува и бројни контроверзии затоа што не се одушевени од начинот на кој е претставена турската историја низ серијата, а најмногу ги повредува тоа што султанката Хурем е претставена како некој кој управувал со Сулејман, а преку него и со светот. Незадоволство предизвикува и моментот што главниот акцент во серијата е ставен на Хурем во текот на целото дејствие. Како што наведуваат некои турски медиуми, Хурем и не е баш омилена историска личност во Турција, како поради трагите што ги оставила, така и поради тоа што била православна и што во харемот пристигнала како робинка, а успеала да стане кралица и законска жена на султанот Сулејман, нешто што на ниту една друга не и успеало.
Наводно, дејствието во серијата и тоа што Хурем е претставена како жена чиј збор бил последен, предизвика толку контроверзии и реакции што режисерите на серијата Јагмур Тајлан и Дурул Тајлан добиваат смртни закани. Колку да потсетиме, крајот на серијата е најавен за април, 2014. година.
Крис Манев | ТВ Пакет