Во Турција штотуку заврши емитувањето на 103-та епизода од хит серијата „Величествениот“, а социјалните мрежи веќе се преплавени со изразени незадоволства, негодувања и несогласувања од страна на гледачите.
„Новата актерка не само што е стара, таа е и грда и не може да и парира на Мерием“, вели еден гледач од Грција. Повеќето негативни коментари зборуваат за староста на новата актерка што го толкува ликот на Хурем. „Оваа може да му биде мајка на Сулејман, а не жена“, надополнува гледач од Турција.
Инаку, ова е прва епизода во која официјално беше претставена новата Хурем, па како за турските гледачи така и за останатите на Балканот ова беше вистински шок. Продуцентите се свесни дека изгубија многу, но и ним не им е лесно.
Поради заминувањето на Мерием Узерли тие мораа да направат промена во сценариото во последен момент, односно да изрежираат привремено исчезнување на ликот на Хурем со цел да купат време за потрагата по нова актерка. Според многумина, нивниот избор е очаен!
Крис Манев | ТВ Пакет