Натпреварувачите од популарниот квиз „Се или нешто“ со хуманитарен потег. Малиот син на нивниот пријател Оливер Панов боледува од Encephalopathia, Hydrocephalus opperata-V.Prudens.Epilepsia, па тие собраа финансиски средства со кои на семејството ќе им го олеснат испраќањето на детето на контролни прегледи во Истанбул.
Претставници на групата учесници во квизот, во саботата го посетија домот на Панови и го дадоа својот скромен придонес за малиот Кристијан со надеж дека ќе се приклучат уште поголем број хумани луѓе.
Упатуваме повик до сите хумани граѓани на Македонија кои сеуште не се дел од оваа хумана група, да се придружат и да донираат средства на донаторската сметка:
200002642183186
Стопанска банка АД Скопје Филијала Велес
Екипата упатува големо благодарам до сите кои помогнаа со своето „малку“ да направат „многу“!
| ТВ Пакет