Денешното издание на квизот „Без поени“ ќе остане запишано во историјата по две работи – бисерот на натпреварувачките Тамара и Габриела и секако првиот џекпот во квизот.
На прашањето Нобелова награда овие две девојки од сите можни одговори се одлучија токму за понудениот одговор „Нобелова награда за најдобар актер“ односно трикот или очигледната неточна опција. На социјалните мрежи веднаш почнаа да се шират шеги на сметка на нивниот одговор.
За разлика од нив, другите две девојки Снеже Велков ги испрати со 58.000 денари, бидејќи среќата на Мимица и Кристина ги направи првиот пар што успеа да го отвори џекпотот во новиот квиз на Сител телевизија.