Уште една титула за Јелена Антиќ во Регионалната кошаркарска лига
Македонската кошаркарска интернационалка Јелена Антиќ повторно ја освои титулата во Регионалната кошаркарска лига, со својот нов клуб Радивој Корач од Белград. Радивој Корач е седмиот тим со трофеј во регионалната лига која се игра од сезона 2000/01. Во историјата на клубот ова е прва сениорска титула за Радивој Корач.
После неверојатното финале во Подгорица, трофејот го освои екипата на Радивој Корач, во дуел со Црвена Звезда којa го доби својот епилог после трето продолжение – 87: 83. Јелена Антиќ беше една од најефикасните играчи на теренот, која ги даде клучните поени во последниот продолжеток за победа. Јелена Антиќ од пред 2 месеци е дел од српскиот кошаркарски клуб Радивој Корач, која после ланската повреда се врати во одлична форма и физичка подготвеност.
| ТВ Пакет