Телевизија Сител најави уште една нова турска серија, но овој пат малку поразлична од останатите. Различна е и најавата за истата. Имено, во форшпанот подолу ќе погледнете како тие не потсетуваат на најуспешните турски серии што досега поминале низ нивната програма. Доаѓањето на “Бурни времиња”, според официјалните податоци во Турција, со себе би требало да донесе и бура од позитивни критики, бидејќи токму оваа серија во матичната земја моментално ги урива рекордите на “Кога лисјата паѓаат”, “Величествениот” и “Љубов и казна”.
Chris | ТВ Пакет