Ова е новиот Чолиќ или можеби новиот Том Џонс ?
Малиот Жарко очигледно се одвојува од сите натпреварувачи во оваа сезона на хит шоуто “Пинк ѕвездички”. Тој не само што пее песни кои досега не се испеани во натпреварувањето, туку тоа го прави на свој единствен начин. Откако маестрално испеа две кантри песни, од кои едната традиционална, другата од Том Џонс, во третиот круг од шоуто испеа песна од Здравко Чолиќ.
За многумина песната можеби и не е доволно позната, но за оние повозрасните, се работи за една од најдобрите и најемотивни песни на Здравко Чолиќ. Жирито повторно воодушевено од настапот на Жарко, а каква магија се почувствува на сцената на “Пинк ѕвездички” погледнете во следново видео. Неговиот настап, заедно со коментарите на судиите во целост ќе се емитуваат на Сител следната недела во 21 часот.
Дани | ТВ Пакет