Она што не го знаете за теленовелата “Entre el Amor y el Odio”
Базирана на радионовелата Cadena de odio, напишана од Хилда Моралес Алоис. Првобитно теленовелата требаше да го носи името “Puro Amor”, но на крајот беше одлучено за Entre el amor y el Odio според истоимената нумера на Анхел Лопез. Прва главна улога во кариерата на Сузана Гонзалез.
Жаклин Бракамонтес која ја глумеше Леонела, мајката на главната хероина Ана Кристина и се појавува само во флешбекови, првобитно беше планирана да ја одглуми главната улога но не и било дадено шанса поради неискуството и младите години. Првобитно главниот женски лик требало да се вика Марија Кристина. Салвадор Мехија успеал да го наговори ветеранот Ернесто Алонсо да се појави во теленовелата во две епизоди, глумејки го отецот Абад.
Мигел Корсега, кој го глуми дон Мануел, дедото на Ана Кристина е еден од режисерите на теленовелата. 7 номинации на престижните награди TVyNovelas, а само една освоена, онаа која отиде во рацете на Сузана Гонзалез за најдобра нова актерка. Цезар Евора требало да го глуми главниот негативец, но улогата отиде во рацете на Алберто Естреља, а Цезар остана со главната машка улога. Исто и Арасели Арамбула била планирана за улогата на Ана Кристина, но актерката ја прифатила улогата на Перла во хит серијата “Las Vias Del Amor”. Пред Сузана да ја добие улогата, за истата се бореле и Моника Санчез, Марта Хулија, Ана Патрисија Рохо, Мајрин Виљануева, Алехандра Барос, Нора Салинас и Луз Елена Гонзалез. Но, одлучно било за Сузана да ја добие улогата големата хемија која ја имала со Цезар Евора.
Ветеранот Хоакин Коредеро се појавува во првите пет епизоди како Фернандо Виљареал. Теленовелата го означи враќањето на Марица Оливарес (Кајетана) на малите екрани. Актерско деби на Фреди и Херман Ортега, познати како La Jitomata и La Perejila. Теленовелата повторно ги спои Марга Лопез и Цезар Евора, кој глумеа мајка и син во успешната El Privilegio de Amar. Салвадор Мехија имал првобитна идеја некој шпански актер да го глуми Октавио, па дури и стапил во контакт со Бенисио дел Торо, Хавиер Бардем и Хоакин де Алмеида но било залудно. На кастот накнадно се имаат приклучено и актерите Felicia Mercado, Vanessa Guzmán, Enrique Lizalde и Arturo Peniche со цел да се зголеми гледаноста. Во завршните епизоди се појавува и Пабло Монтеро како Анимас.
Некои сцени се снимени во Италија. Поради добиената улога во “Gata Salvaje”, Марлене Фавела порано ја напуштила теленовелата. Иако на почетокот љубовната приказна на Ана Кристина и Октавио започна ветувачки, прераснува во нешто неочекувано со текот на епизодите. Нивната љубов ќе биде задушена од премногу интригантни ликови, премногу акција и бесконечна злоба. Теленовелата изобилува со премногу негативци какви ретко се гледаат во една теленовела, па истите и ја заситија публиката па затоа во втората половина опадна и гледаноста.
LucasScott | ТВ Пакет