Фернандо Колунга, вечниот латино заводник денеска полни 50 години!
Колунга е роден на 3ти март 1966 година, а својата кариера ја започнал во теленовелата Cenizas y diamantes 1990 г.
Македонската публика го запозна како војникот Раул во Alondra, која се прикажуваше на локалните телевизии во 1999 г. Потоа девојките и жените се заљубија во херојот на омилените теленовели во низа како Esmeralda, La Usurpadora, Nunca te olvidaré , Abrazame muy Fuerte, Amor real, Alborada, Pasion, Mañana es para siempre и последната улога во која го гледавме во Soy tu dueña.
Во моментов мексиканската публика ужива во првата негативна улога на Фернандо во теленовелата Pasion y Poder.
Нека му е среќен роденденот.