Починатата дива имаше во план да се врати на филмското платно и тоа со улогата на мајка на три ќерки што имаат основано бенд пред кој стои голема и успешна иднина. Една од трите членки на бендот се вика Спаркл, по која всушност и филмот го доби името, а ја одглуми пејачката Џордин Спаркс, која за првпат во својата кариера добива филмска улога.
Витни Хјустон ја одглуми Ема, ликот жали за својата пропадната музичка кариера, а во трејлерот за филмот, починатата пејачка ја пее песната His Eye On The Sparrow. Хјустон се потпиша и како продуцент на овој филм, а “Sparkle” е инаку римејк на филмот од 1976-та година кој говори за девојките од бендот што имаат проблеми со дрогата и стекнатата слава.
Филмот во кината стигнува во август.
Chris | ТВ Пакет