Милиони телевизиски гледачи ширум Европа вечерва со големо внимание го следеа првото полуфинале од 57-то издание на големиот фестивал „Евровизија“. Азербејџан ја одушеви публиката, се течеше во најдобар ред, спектаклот започна, а ова е само почеток на се она што следува. Само 10 од 18-те земји учеснички успеаја да земат „билет“ за финалната евровизиска вечер, а тоа се: Романија, Молдавија, Исланд, Унгарија, Данска, Албанија, Кипар, Грција, Русија и Ирска.
Швајцарија, Црна Гора, Израел, Латвија, Сан Марино и Австрија се „несреќните“ земји што оваа вечер ќе си заминат дома без право да учествуваат на големото финале. Најголемо изненадување за сите е тоа што во десетката не се најде извонредната изведба на Швајцарија. Да се надеваме дека во четврток Македонија нема да се соочи со уште еден евровизиски пораз.
Личност на вечерта | Бабушка
Chris | ТВ Пакет