Поминаа 11 години од светската премиера на „Млади Бунтовници“, серијата којашто ги освои срцата на милиони тинејџери низ светот меѓу кои и Македонците. Но, овие прекрасни актери беа заедно многу години пред да се создаде приказната за учениците во Елит Веј училиштето.
Имено, пред 18 години за прв пат во етер се појави серијата за млади „Chiquititas“ чиј интернационален наслов во превод гласи „Мали Ангелчиња“. Токму овој проект ја откри четворката којашто неколку години подоцна го освои светот. Фелипе Коломбо, Бенхамин Рохас, Луисана Лопилато и Камила Бордонаба беа неразделни уште во „Chiquititas“, па оттаму дојде идејата да се создаде „Rebelde Way“ со речиси истата актерска екипа. Во прилог се фотографии од почетоците на успешната серија и од младоста на вашите омилени бунтовници.
{gallery}072013/buntovnici{/gallery}
| ТВ Пакет