Вчера ексклузивно ви откривме кој е македонскиот учесник што ќе влезе во куќата на Големиот брат, а денес за вас имаме ексклузивни фотографии од куќата чии врати ќе бидат отворени во понеделник. Ѕвезди од просторите на поранешна Југославија во следниот период ќе бидат под будното око на Големиот брат, а со тоа и главна тема на разговор на милионската телевизиска публика.
Покрај учесничката од Македонија, Анета Наковска, во куќата ќе влезат и старлетата Ава Карабатиќ, атерката Даница Максимовиќ, модната креаторка Ивана Стаменовиќ, пејачот Тони Монтано, актерот Владимир Петровиќ и други. Учесниците потпишуваат договор за престој во куќата најмногу шест недели, а само од публиката зависи дали порано ќе си заминат дома.
Подготовките за влегување во куќата на Големиот брат се завршени. Ентериерот на вилата од 400 метри квадратни не се разликува многу од претходната сезона. Сопственикот на продукцијата „Емоушн“, Горан Стаменковиќ најавува многу изненадувања. Шоуто „Големиот брат“ и оваа сезона ќе го водат Маријана Миќиќ и Ана Михајловска.
{gallery}032013/big-brother{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет