Згоден, како и пред 18 години – Освалдо Риос
Првиот Латиноамериканец кој ги освои срцата и воздишките на Македонките, првиот црномурест протагонист кој го видовме на екраните далечната 1997 година, оној за кого навивавме да биде со нашата Касандра. По Касандра, го гледавме и во “Вдовицата на Бланко”, “Раузан”, “Прегрни ме цврсто”, “Зоро”, “Заклетва”, но за нас остана најзапаметен по улогата на злобниот Игнасио и добриот Луи Давид од “Касандра”.
Познатиот порторикански глумец Освалдо Риос, денес живее во Мајами заедно со своето семејство и не се занимава со снимање на теленовели.
Тој сега се занимава со продуцирање на холивудски филмови, а пред некое време беше премиерата на “Dark places”, филм во кој глуми Шарлиз Терон, а за кој Риос се јавува како извршен продуцент.
За своите обожаватели, на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како се разладува на плажите во Мајами.
Дани | ТВ Пакет