Со една улога ги маѓепса тинејџерските срца
Еден од најголемите адути на есенската програмска шема на Алфа телевизија е турската серија “Рането срце” која со емитување започна пред неколку дена. Серијата зборува за една љубовна приказна, приказната за Пепелашка и нејзиниот принц. Сиромашната девојка Нериман се вљубува во богатиот плејбој Маџит, но на патот на нивната среќа стојат класните разлики. Нивните семејства се против таа врска.
Маџит е толкуван од Кадир Доѓули, турскиот заводник кој ги освои срцата на гледачките во Турција и Бугарија, каде што се емитува серијата.
Кадир е роден 1982 година во традиционално турско семејство. Има четири браќа и една сестра. Како мал мечтаел да се занимава со туризам, поради вљубеноста во морето. Во иднина се гледал како келнер, готвач, хотелиер.
Но поради сиромаштијата на семејството, морал и сам да заработува уште од мал. На 10 години се вработил во еден сервис за велосипеди, а потоа се преселил во Истанбул каде работел како келнер.
Но беспарицата на семејството го натерало да размисли да се враќа во родниот град. И тогаш… на последниот ден во Истанбул, од еден муштерија добива понуда да се појави на кастинг за модели. Така започнува неговата кариера како модел.
Се појавува во спотот за песната “Ромео” на Ханде Јенер.
Славата, сепак доаѓа по некое време откако му е понудена улогата на Маџит. Од непознат келнер станува еден од најпознатите во шоу бизнисот во Турција, благодарение на улогата во “Рането срце”. Улогата на Маџит во “Рането срце” е негова најуспешна улога во кариерата, а претходно се појавил и во турската верзија на “Gossip girl”.
Партнерката во серијата, Неслихан Атаѓул (Нериман) му станува партнерка и во приватниот живот. Иако за љубовта не говорат многу, сепак никој не ја одрекува таа врска.
Дани | ТВ Пакет