Почетна / Забава / (Фото/Видео) Војаж со него ја започна големата кариера: Нашиот Јосиф се враќа на голема врата!

(Фото/Видео) Војаж со него ја започна големата кариера: Нашиот Јосиф се враќа на голема врата!

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание.

Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера – заедно ја отпеаја песната „VYBE“.

По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“.

„Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф.

Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски.

 

„Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!