Вчеравечер спортската сала „Борис Трајковски“ беше преполна со фановите на Владо Јаневски, романтичарот којшто ги собра сите генерации на едно место и живата легенда чии хитови беа отпеани од збор до збор.
Сцената беше поставена на средина, нешто што досега не сме го виделе во оваа сала. Поставувањето на сцената во средина му помогна на Владо да биде блиску до целата публика.
Беа отпеани околу 30 евергрин песни, а неговите моќни балади предизвикаа и солзи.
Како што е редот, Владо Јаневски се поздрави со публиката и со силни скандирања беше вратен назад на сцената за да отпее уште две песни. Концертот започна и заврши со големиот хит „Е ама јас те сакам тебе“.