Изборот и овојпат е во организација на модното студио „Црнокрак“, кое за вкупната победничка, односно зимската убавица на Македонија за 2014. година го обезбеди правото таа да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои поседува лиценци.
Викендов во Велес и Скопје се случија првите претставувања на кандидатките за титулата „Зимска убавица на Македонија“.
Изборот и овојпат е во организација на модното студио „Црнокрак“, кое за вкупната победничка, односно зимската убавица на Македонија за 2014. година го обезбеди правото таа да ја претставува Македонија на еден од интернационалните избори за убавина за кои поседува лиценци.
Инаку, победничка во Велес беше Ана Марија Таневска, прва придружничка Ивана Георгиевска, а втора Сара Таневска. На претставувањето на девојките во Скопје, пак, најмногу гласови доби Ивана Георгиевска, прва придружничка и беше Ана Марија Таневска, а втора Ангела Спасовска.
Турнејата, која ќе ги опфати сите поголеми градови во земјава, продолжува веќе наредниот викенд, се до големото финале, кое ќе се одржи во март.
| ТВ Пакет