Почетна / МК Сцена / За која песна, Каролина снима спот во чаршија?

За која песна, Каролина снима спот во чаршија?

Уште една успешна година за најпознатото македонско девојче. Мега брендот Каролина Гочева наскоро со нов видео спот. Деновиве, Гочева со својот тим го снима видео записот за една од песните од последниот музички албум “Извор” кој доживува голема популарност секаде каде што беше претставен. По успешните концертни претставувања низ повеќе градови во Македонија, минатиов период, поп ѕвездата одржа фантастични летни концерти во Охрид, Битола и Струмица.

Сега, повторно се фати за работа и низ повеќе локации во Скопје, го снимаше спотот за една од изворските песни. Тимот кој победува не се менува, па така друштво ѝ правеа нејзините долгогодишни соработници како Цаци Паковска и Александар Дадар.

За која песна се работи, откриваме наскоро со интернет промоција на најновиот спот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Пајак му направи модерна песна на пејачот Ѓоко Јовиќ

Пејачот Ѓоко Јовиќ ја објави својата најнова песна која го носи насловот „Стари навики“, а …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!