Особено несекојдневна фотографија пред неколку минути се појави на ѕидот на новинарот Зоран Василевски. Со оглед на тоа дека веднаш ни падна во очи, го запрашавме кое е нејзиното значење. Еве што ни одговори тој:
„Си ја заштитив устата со крст, ја провоцирам црквата да не краде од устата на народот. На овој начин се борам против корупција и криминал. Фотографијата е посветена на сите оние што лажат, лаат и касаат, а се колнат во бога“, изјави Василевски за ТВ Пакет.
| ТВ Пакет