ТВ водителот и новинар во шоубизниот Зоран Василевски-Фаци неодамна во Градскиот трговски центар во Скопје, заедно со двајца другари Александар и Томче го отвори бутикот за трендовска гардероба “Револушн“. Фаци идејата ја имал многу одамна и еве ја реализирал. Тој вели дека идејата е да направи македонски бренд каде секој ќе може да си гом пронајде стилот на облекување.
Новата колекција која се спрема е наречена “Револушн оф лов“, која наскоро со голема ревија ќе и биде презентирана на јавноста. Фаци за таа цел ќе ги собере најубавите манекенки и манекени и планира да направи модна револуција. Заштитни лица на бутикот ќе бидат атрактивната поп ѕвезда Дина Шабани и најдобриот пливач Љупчо Ангеловски, кои наскоро ќе се појават на билборди со новата колекција пролет-лето.
Фаци беше уредник на забавниот дела на некогаш најгледаната А1 телевизија.
Познат е по гледаната емисија “Фаци„ , а ја работеше и емсијата „Ексклузив“. И двете емисии беа многу гледани и донесоа свежина во македонскиот шоу бизнис. Имаше свој селебрити магазин „Крема“. Денес го води шоубизот на популарниот сајт „ Либертас„ Неговиот инетресен имиџ и контроверзниот начин на живот, го направија многу популарен во јавноста.
Со среќа Фаци со бутикот.