Почетна / ФОТО / Фото | Како живеат студентите во „Гоце Делчев“

Фото | Како живеат студентите во „Гоце Делчев“

Денешниот дожд не освежи сите, тој беше пречекан со насмевка поради фактот дека високите температури се конечно зад нас, но за студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, овој период од годината значи вистинско мачење. Дождот ги загрозува нивните услови за живот поради тоа што зградата се наоѓа во ужасна состојба, се вели во писмото што денеска пристигна до адресата на ТВ Пакет.

 

Денешниот дожд не освежи сите, тој беше пречекан со насмевка поради фактот дека високите температури конечно се зад нас, но за студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, овој период од годината значи вистинско мачење. „Кој си носи чадорче не наврнува“ е вистински хит таму, дождот ги загрозува нивните услови за живот поради тоа што зградата се наоѓа во ужасна состојба, се вели во писмото што денеска пристигна до адресата на ТВ Пакет.

„Ходниците пливаат во вода, користиме чадор за да поминеме низ нив“, изјавуваат студентите и откриваат дека горниот дел од зградата е без парно греење.

„На некои делови таванот е во толку лоша состојба што лесно може да ни се урне врз глава, дел од тоалетите не се во употреба, во нив живеат мачки, оттаму се шири ужасна смрдеа од пцовисани птици“, откриваат младите чија цел е македонската јавност да дознае во какви услови живеат.

 

{gallery}102012/goce-delcev{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И старото, и новото – две логоа осамнаа на екранот на Алфа

Покрај новото лого кое го користи Алфа по ребрендингот во 2019 година, некогаш во исечоци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!