Почетна / Сапуници / Фото | Кој е италијанскиот заводник од серијата на ТВ 24 ?

Фото | Кој е италијанскиот заводник од серијата на ТВ 24 ?

Мета на жени и папараци во Италија

Габриел Гарко е новиот телевизиски заводник со продорни зелени очи кој од неодамна го гледаме во италијанската крими серија “Прашање на чест” на телевизија 24. Во улогата на Тонио  Фортебрачио, актерот стекна популарност и стана недостижен сон на секоја тв гледачка.

Роден е 1972 година во Торино, син на Венецијанец и Сицилијанка, а израснал на северот на Италија. Висок е 190 цм, се занимавал со манекенство и ја освоил титулата на мистер на Италија.

Во 2002 година, позирал за уметничкиот календар на магазинот “Макс”, редовно се занимава со болдибилдинг, пливање, јавање и скијање, и е жесток навивач на фудбалскиот клуб Јувентус.

Освен италијански, течно говори англиски и француски јазик, а станува познат преку улогата на Тонио во новелата “Прашање на чест”, како и преку улогите во филмовите “Нејзиниот таен живот”, “Црн анѓел” и “Легендата Калас”.

Сепак, денес тој стана жртва на пластичната хирургија, поради желбата вечно да остане секси и згоден. Гледачите на италијанската телевизија Раи Уно неодамна беа шокирани од тоа што Габриел направил од себе, затегнувајќи го лицето и усните.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!