Серијата „Малечката невеста“ штотуку доби нова Ананди. По дваесетдневниот кастинг изборот падна на младата индиска актерка Торал Распутра, како што впрочем и се очекуваше.
„Не очекував дека ќе ја земенам популарната Пратиша Банерџи, но кога дознав дека јас сум новата Ананди многу се израдував“, вели актерката која се до денеска не знаела за која улога бил кастингот. „Се започна пред 20 дена, мислев дека се работи за аудиција за некој нов проект, но кога ми соопштија дека јас сум новата Ананди останав шокирана. Сметам дека веродостојно ќе ја заменам Пратиша. Таа е одлична актерка, но гледачите со време ќе се навикнат и на мене во таа улога“, самоуверено тврди Торал која е сигурна во своите квалитети и додава: „Мојата фамилија беше одушевена кога им ја соопштив убавата вест, особено кумовите и мајка ми кои се верни гледачи на серијата“, гордо завршува новата Ананди.
Ивана Таневска | ТВ Пакет