Алехандро и Монсерат вљубени и во приватноста
Мексиканските ѕвезди Себастијан Рули и Анжелик Бојер пред две години ги следевме во романтичната приказна на Телевиса – “Украдена љубов”, но она што е интересно е што освен во новелите, тие ја остварија својата љубов и во реалноста.
Не пропуштаат прилика за да искажат колку се сакаат и колку си значат еден на друг. Анжелик беше најголема поддршка на Себастијан на латиноамериканските Греми во ноември 2016-та, а пак на социјалните мрежи, заедно им ја честитаа Новата година на своите фанови.
Деновиве по Новата година се наоѓаат на една од најубавите мексикански плажи каде повторно блескаат со нивната љубов. Себастијан и Анжелик и пред “Lo que la vida me robo”, беа партнери во “Тереса”. Себастијан за македонската публика е најпознат по улогата на русокосиот Ектор во “Руби”, а Анжелик ја гледавме и во “Амбис на љубовта”.
Дани | ТВ Пакет