Една загрепчанка со фотоапарат забележа бабичка која очигледно чистотата ја става пред се друго, па дури и пред безбедноста на сопствениот живот! Супербабичката стоела на ивицата од прозорецот на највисокиот спрат од зградата, така лежерно како да стој на приземје. Тотално е кул!
Лудо храбрата баба одлучила добро да ги светне прозорците од надворешната страна, некаде во центарот на Загреб, па без страв едноставно стоела на ивицата од прозорецот.
Висина? Никаков проблем! Страв? Не постои! Спајдермен, ти можеби имаш лепливи раце и пајакова мрежа за качување по згради, а бабата има само папучи и крпа. In your face, Spider-Man!
Супербабичката на дело погледнете ја и на втората фотографија, но не заборавајте – не се обидувајте да го сторите тоа сами, не гарантираме дека ќе ја имате истата среќа.
Мартин Манев | ТВ Пакет