Почетна / Спорт / Фото | Хрватски фудбалер почина на терен

Фото | Хрватски фудбалер почина на терен

 

Синоќа почина младиот хрватски фудбалер Ален Памиќ, син на тренерот на Истра, Игор Памиќ и брат на фудбалерот на Динамо, Звонко, пишува порталот MKD News. Фудбалерот паднал додека играл и веднаш починал. Имал само 23 години. Како причина на неговата смрт се наведува срцев удар.

 

 

Ален Памиќ и претходно се соочувал со проблеми со срцето поради кои често пати паѓал на тревникот. Последниот натпревар го одиграл на 16-ти февруари, против Локомотив, кога и по трет пат паднал поради проблеми со срцето. Проблемите започнале на 18-ти ноември во 2010. година кога бил член на Стандард Лиж. Алан паднал за време на тренингот и едвај го реанимирале, а белгискиот клуб го раскинал договорот со него. Од лекарите сепак добил зелено светло да продолжи да игра, но повторно имал напад за време на фудбалски натревар.

Сите овие напади не биле причина лекарите да му забранат целосно да игра фудбал, напротив, тие по втор пат му одобриле да игра. Синоќа поради срцев напад овој 23-годишен фудбалер трагично го заврши својот живот на терен.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!