Поранешниот мистер на Македонија, Ивица Симоновски, одлучи да направи пауза со својата кариера како модел и комплетно да му се посвети на фудбалот, она со кое се бави уште од својата 7-ма година.
Поранешниот мистер на Македонија, Ивица Симоновски, одлучи да направи пауза со својата кариера како модел и комплетно да му се посвети на фудбалот, она со кое се бави уште од својата 7-ма година.
Македонскиот модел од септември се пресели во Германија токму поради фудбалот. Симоновски моментално е во Франкфурт од каде преку својот Фејсбук профил ги известува фановите за своите спортски активности.
– „Денешната прва пријателска утакмица помина одлично, спремен сум“, напиша тој и ја објави фотографијата во прилог.
Иако моментално најмногу му е посветен на фудбалот, Ивица открива дека сеуште не е целосно повлечен од моделството поради договорот со една австриска модна агенција и оти пред него стои еден голем предизвик во водите на модата, односно понуда која сеуште размислува дали да ја прифати.
– „Пред мене е можеби најголемиот предизвик досега во врска со моделството, но сеуште размислувам дали да го прифатам, бидејќи ретко имам слободно време поради обврските кон мојот клуб. Сеуште не можам да откријам за што се работи и засега би сакал тоа да го чувам во тајност“, изјави Симоновски за ТВ Пакет.
| ТВ Пакет