Веќе добро знаете дека на 18 април сите патишта водат кон Арената „Броси Трајковски“, каде е закажано маратонското, 4-часовно музичко уживање со легендарните Хари Мата Хари, Харис Џиновиќ и Весна Змијанац. Овој по многу нешта посебен музички настан на едно место ги носи екс ју легендите Змијанац. Џиновиќ и Варешановиќ, кои за прв пат во кариерите имаат заеднички концерт, и тоа токму во нашата метропола. Значи, во Скопје на 18 април доаѓаат три легендарни музички имиња – Хари Мата Хари, Харис Џиновиќ и дамата со огромен број хитови, жената која трае со децении – легендарната Весна Змијанац.
Предвиедно е прв на сцената да застане, односно маратонскиот музички спектакл да го отвори Хари Мата Хари, човекот со кого македонската публика периодов, преку малите екрани има можност секојдневно да се дружи низ шоуто „Ѕвездички“. По него своите најголеми хитови на сцената во Арената „Броси Трајковски“ ќе ги отпее уште едниот член, но на повозрасните Пинкови ѕвезди – Харис Џиновиќ. Велат – најдоброто за крај, овој пат можеби не најдоброто, но најочекуваното кај вас – последна на сцената ќе застане Весна Змијанац, дамата која во својата кариера има издадено 13 албуми/
И тоа не е се, затоа што освен во соло деловите, Хари, Харис и Весна подготвуваат нешто заедничко, и тоа само за македонската публика. Подготвуваат нешто што досега не им се случило на иста сцена, а во придружба на оркестарот под водство на извонредниот Миша Мијатовиќ, познатиот хитмејкер, однозно композитор, хармоникаш и уредник на редакцијата за народна музика во ПГП РТС. За него велат дека живее два живота, дека носи ноти во главата, а бумамара во нозете. Така е затоа што да не бил музичар би бил неверојатен фудбалер.
Стартот на концертот е закажан за 20:30 часот, а влезниците се продаваат по цена од 400 денари, и тоа на касата во „Борис Трајковски“, преку продажната мрежа на купикартизасе, Розе Веро 2 и ресторанот Окарина.
На 18 април сите патишта водат кон Арената „Борис Трајковски“ каде македонската публика ќе има ретка прилика да ужива во еден тон незаборавни рефрени преку ретроспективата на кариерите на пеколната тројка – Хари Мата Хари, Харис Џиновиќ и Весна Змијанац. Тројцата музичари ветуваат незаборавна ноќ полна со емоции и хитови за сечиј вкус – од „Како ми недостајеш“, преку „Краљица туге“, се до романтичната евровизиска балада „Лејла“.