Почетна / Забава / Храбрите жени прикажани во новата колекција на Викторија Арсовска

Храбрите жени прикажани во новата колекција на Викторија Арсовска

 

Статусот на жената во времето на француската револуција и нивната борба за права и еднаквост е темата на колекцијата Маршот на боговите за есен- зина ‘17/18, на Викторија Арсовска – VA. Токму на престојниот Моден викенд во Скопје креациите беа во форма на корсети затскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожени колани и метални копчиња, со крут штоф, обоени во црни нијанси, црвени и беж.

 

 

„Ова мое прво самостојно претставување на Моден викенд во Скопје беше вистински предизвик за да се креаира за жената во минатото, приказ на храбар чекор на понежниот пол, претставени како дами и бунтовнички истовремено, но и како доилка и војник во една паралела, како љубовница во панталони која ужива во разни разврати и скандали кои се табу теми. На сите посетители им приредив еден поинаков марш на боговите што ми претставува понатамошен поттик за развивање на модната гранка“ вели Арсовска.

 

 

Викторија Арсовска има свое сопствено модно студио во Скопје, има учествувано со модни презентации на Денови на претприемништво, Модна недела 2010 групна ревија на студентите на Фон Универзитет со колекција Кабаре, како и со проектот на Пелистерка, Аларм фестивал со групна ревија од рециклиран материјал,  костимографија на претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ во режија на Софија Ристевска -Интимен театар 2013. Соработка имала остварено до сега со естрадните уметници, Влатко Лозановски, Тамара Тодевска, Наташа Малинкова, Еги.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!