Почетна / Сапуници / Хрватска серија со македонска актерка на Алфа

Хрватска серија со македонска актерка на Алфа

 

Хрватска серија со македонска актерка од утре на Алфа

Од утре на Алфа телевизија конечно започнува долгонајавуваната хрватска серија “Тајни”. Она што е специфично за оваа серија е што главната улога ја толкува македонската актерка Јелена Јованова која доби многу пофалби од критиката и публиката во Хрватска. И не само она, туку целата серија наиде на одличен прием кај хрватската публика која смета дека се работи за најдобрата хрватска теленовела. Партнер ја Јелена во новелата и е хрватскиот актер Филип Јуричиќ, познат на македонската публика по улогите во „Љубов во офсајд“ и „Изборот на Лара“. 

Слика

Содржина:
Во позадината на сите приказни, во кои се вплеткани семејствата Франиќ и Шепер, се наоѓа семејното богатство кое е закопано во 1943 година во шумата покрај куќата на богатото семејство Шепер. Токму оа закопано богатство е извор на злото надвиено над двете семејства.
Марина Франиќ е млада и убава девојка која израснала во сиропиталиште. Поради финансиски проблеми на сиропиталиштето, Марина одлучува да се врати на имотот на нејзиниот татко кој и припаѓа според наследството и таму да побара помош од чичко и Иван. Иван успеал со туѓо богатство да изгради хотел и тој сега чувствува грижа на совест поради тоа што го убил таткото на Марина и дозволил Бригита да ја испрати внуката во сиропиталиште. Поради тоа решава да и помогне на Марина и и дозволува на неа и на децата од сиропиталиштето да живеат во куќата. На имотот доаѓа и Никола Шепер, полициски инспектор кој се крие под лажен идентитет за да ја открие вистинста за неговото семејство и за смртта на неговата мајка. Марина и Никола се вљубуваат еден во друг и постепено почнуваат да ги откриваат страшните тајни на нивните семејства и на проколнатото богатство.

“Тајни” има 140 епизоди кои на Алфа ќе се прикажуваат од понеделник до петок во 22 часот, со реприза следниот ден во 16:30 часот. 
Од утре се менуваат термините на сериите Сестри и Амбис на љубовта. Турската “Сестри” ќе се емитува од сега во 18:15 часот, а мексиканската серија “Амбис на љубовта” во 5 часот наутро.

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!