Најпознатиот хрватски манекен Даниел Борсчак кој десет години работеше како манекен во Германија, по враќањето во Хрватска најави градење музичка кариера во Македонија.
Даниел Борсчак во Германија снимаше едиторијали и беше манекен во модната агенција „Louisa Models“ а работаше за светски модни куќи како што се Gucii, Dior Homme, Jil Sander и Prada.
„Македонија има прекрасен топол народ со големи срца, затоа ја обожавам како да е моја татковина! Се надевам дека ќе ви се допадне мојата музика и искрено се надевам дека што поскоро ќе снимам дует со некој од македонските ѕвезди. Ве сака, Даниел“.
Во продолжение следува хитот „За инат те баш нечу“ на Даниел Борсчак, уживајте!
Автор | ТВ Пакет