Славен Билиќ вчеравечер доби многу честитки за победата над Ирците, но оваа сигурно не му беше омилена. Имено, на самиот крај од натпреварот Хрватска – Ирска, еден од хрватските навивачи на стадионот во Познањ и покрај силната контрола успеал да се пробие до поранешниот фудбалер Билиќ и „сочно“ да му ја честита победата над Ирците. Не можеме со сигурност да утврдиме какви биле намерите на навивачот што го носел дресот на Игор Штимац, но законите во Полска се особено строги. Првенството за него е завршено и ќе мора да се врати назад во Хрватска, но пред тоа ќе ја плати големата парична казна.
Martin M. | ТВ Пакет