Почетна / Живот / Хуманитарна акција за децата од СОС Детско село

Хуманитарна акција за децата од СОС Детско село

 

На 5 април 2014. година, СОС Детско село Македонија организира Хуманитарна велосипедска тура за децата кои благодарение на СОС Детското село имаат топол дом и родителска грижа

 

 

Нашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји на велосипеди. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС Детските села, организација под чија закрила обајцата пораснаа.

„Во СОС Детското село дојдов две-три недели пред да наполнам осум години. Доаѓањето тука ми беше најубавиот подарок. Тука научив да бидам дете, добив семејство, браќа и сестри, љубов и грижа. Тука научив да верувам во луѓето и да сакам и добив шанса да станам тоа што сакам. Јас денес работам и студирам. Хоби ми се пеење и спортување. Ми се остваруваат сништата. Она што силно го посакувам е истото да им се случи и на другите деца како мене. Затоа, придружете ми се! На 5. април—сите на велосипед“, вели Љупчо.
 
Настанот e поддржан од Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски, Градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Тони Трајковски, Велосипедската федерација на Македонијa. Во трката, исто така ќе може да се приклучат и да ја поддржат Хуманитарната Велосипедска тура и сите граѓани со учество но и со сопствена донацијa линкот подоле. Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија постои од ноември 2000 година. Денес, низ своите програми, СОС Детско село Македонија им помага на децата со ризик да имаат безгрижно детство и посигурна иднина. Во СОС Детското село децата без родители и родителска грижа добиваат ново семејство, грижлив родител и втора шанса во животот. Таму децата растат опкружени со љубов и грижа, се чувствуваат сигурни и безгрижни, слободни да ги развиваат своите потенцијали и таленти.

Доколку сакате да оставите и донација, тоа може да го направите на следниов линк во кој ве замолуваме да ставите назнака Хуманитарна Велосипедска тура во второто поле (означено како Име на фирма).
 
Ви оставаме можност за донација по личен избор и во согласност со вашите можности. За секоја направена донација над 500 денари си обезбедувате и брендирана маичка за самиот настан која ќе може да ја подигнете на нашиот пулт на збирното место пред почетокот на возењето.

Уплатата може да ја извршите и на нашата Жиро сметка 210-0552173401-87 во НЛБ Тутунска Банка со назнака за Хуманитарна Велосипедска тура.
 
Ви Благодариме!

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!